Достапни линкови

СДСМ за, ВМРО ДПМНЕ против избори


„Граѓаните решаваат кој ќе ја носи одговорноста да раководи со Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кој претходно оцени дека правото на граѓаните да го дадат својот глас на фер и демократски избори е неприкосновено и оти СДСМ тие услови ќе ги овозможи во Македонија. СДСМ оцени дека власта не може да се спаси од вистината за Македонија и оти на собирот на ВМРО ДПМНЕ во Скопје не било демантирано ништо од обелоденетите докази. На собирот премиерот Никола Груевски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за прислушување и злоупотреби, како и барањата за предвремени избори. Претседателот на СДСМ Зоран Заев претходно побара од Груевски да си даде оставка, да се формира преодна влада и да се организираат фер избори.

XS
SM
MD
LG