Достапни линкови

Во Истанбул уапсени тројца британски тинејџери на пат кон Сирија


Турската полиција во Истанбул уапси тројца британски тинејџер кои имале намера да заминат за Сирија за да и се приклучат на џихадистичката група Исламска држава, јави ТАСС.

Уапсените тинејџери, двајца на возраст од 17 и еден од 19 години, потекнуваат од источен Лондон, но турската полиција не ги соопшти нивните имиња.

Турските власти веќе стапили во контакт со нивните британски колеги околу депортирањето на тинејџерите во Велика Британија.

Би-Би-Си јави дека родителите на тинејџерите уште во петокот пријавиле дека тие исчезнале.

Скотланд јард соопшти дека постоеле сомнежи оти исчезнатите тинејџери заминале за Сирија, по што британската полиција за тоа ги информирала турските власти.

XS
SM
MD
LG