Достапни линкови

logo-print

Кери - Мора да се преговара со Асад за крај на војната


Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Вашингтон ќе мора да преговара со сирискиот претседател Башар ал-Асад за да се стави крај на граѓанската војна во Сирија, изјави американскиот државен секретар Џон Кери. Во интервју емитувано денеска, Кери не го повтори стандардниот став на САД дека Асад ја изгуби легитимноста и дека мора да си оди. Тој рече дека Вашингтон работи напорно повторно да се „распламтат“ напори за да се најде политичко решение за ставање крај на војната, која сега е во својата петта година. Досега во војната загинаа повеќе од 200 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG