Достапни линкови

Протест против начинот на информирање на МРТВ


За денеска напладне е закажан протест против начинот на информирање на Македонската радио-телевизија. Организаторот на протестот, Стојанче Ангелов, вели дека маршот ќе тргне од споменикот на бранителите во центарот на градот, со зградата на МРТВ. Ангелов на својот Фејсбук профил пишува дека ќе протестираат поради петочниот упад во програмата на радио Канал 103, чии простории се сместени во зградата на МТРВ. Во петокот обезбедувањето на јавниот сервис го спречи гостувањето на Стојанче Ангелов на програмата на Канал 103.


XS
SM
MD
LG