Достапни линкови

Украина ќе им даде специјален статус на некои области


Украинскиот претседател Петро Порошенко до Парламентот поднесе предлог-закон со кој им се дава „специјален статус“ на некои области, особено на оние кои се под контрола на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.

Претходно предлог законот беше изложен пред Советите за национална безбедност и тој за одбрана, а пред Парламентот може да се најде следната недела.

Според условите од договорот за примирје постигнат во Минск на 12 февруари меѓу лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција, украинскиот парламент требаше официјално да призна посебен статус за регионите Доњецк и Луганск, кои се под контрола на сепаратистите.

На 13 март, лидерите на двата региони ги повикаа францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел „да извршат притисок“ на Киев за да се спроведе договорот од Минск.

XS
SM
MD
LG