Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ на трибина, СДСМ ќе објавува „бомба“


ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне ќе одржи трибина на која ќе се обратат лидерот на партијата и премиер Никола Груевски и други нејзини членови. Според информациите од ВМРО-ДПМНЕ, иницијативата за големиот собир што ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ дошла од општинските комитети.

„Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира во наредниот период“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме и од опозицискиот СДСМ најавија прес конференција во 11:30 часот, на која се очекува да се објави уште една од таканаречените бомби, односно прислушувани разговори.

XS
SM
MD
LG