Достапни линкови

Почина пациент кој се запалил во велешката болница


Пациент, на возраст од 84 години, вчера се запалил во болницата во Велес и од здобиените изгореници подоцна починал.

Како што соопшти Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, во полицијата, било пријавено дека во 15:25 часот во Одделението за заразни болести во Општата болница во Велес во еден од тоалетите на една од собите имало пациент кој бил во пламен, а медицинскиот персонал го гасел запалениот пациент со вода и ќебиња.

Откако огнот бил изгаснат старецот во тешка состојба бил префрлен на Хируршкото одделение во велешката болница. Поради сериозноста и степенот на изгореници, лекарскиот тим решил тој итно да биде пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Но, поради тешките изгореници по целото тело старецот починал во скопската болница.

По овластување на јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од СВР Велес која работи на расветлување на случајот.

XS
SM
MD
LG