Достапни линкови

Зајакнување на безбедноста на Таџикистан


Николај Бордужа.

Николај Бордужа.

Шефот на Организацијата на договорот за колективна безбедност(ОДКБ) на Заедницата на независни држави изјави дека нивните воени сили може да се распоредат на таџикистанско-авганистанската граница за три дена ако таму избие конфликт. На прес-конференција во главниот град на Таџикистан, Душанбе, доцна синоќа, Николај Бордужа рече дека силите на Организацијата на договорот за колективна безбедност може да одбијат каква било закана која доаѓа од авганистанската страна на границата. Тој рече дека Русија не се обидува да создаде „втор фронт во Таџикистан, но оти никогаш нема да дозволи безбедноста на членка на ОДКБ да биде доведена во прашање“.

Во ОДКБ членуваат Таџикистан, Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.

Таџикистанските власти оваа недела соопштија дека спроведуваат воени вежби долж границата со Авганистан во кои учествуваат 50 илјади луѓе, вклучувајќи војници, резервисти, локална полиција и цивилни служби за поддршка.

XS
SM
MD
LG