Достапни линкови

Грција е подготвена да ги пролонгира изборните ветувања


Грчката Влада предводена од Коалцијата на радикалната левица (СИРИЗА) е подготвена спроведувањето на некои од своите предизборни ветувања да го одложи за подоцна, со цел да ја поврати довербата на партнерите во ЕУ, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

„Не сме популисити, не ветуваме неоствраливи работи“, изјавил Варуфакис на средба зад зтаворени врати со раковидетили на повеќе компании и банки во северниот италијански град Чернобио.

Според италијанскиот весник „Кореиере дела Сера“, Варуфакис во своето обраќање не прецизирал кои се тие „ветувања“ што грчката Влада би можела да ги пролонгира за подоцна.

„Сакаме да го вратиме целиот долг. Но, бараме нашите европски партнери да ни помогнат да постигнеме раст. Колку побрзо ја стабилизираме економијата, толку побрза ќе биде и отплатата на долгот“, нагласил Варуфакис, додавајќи дека се залага за трансформација на долгот во обврзници кои ќе донесат раст.

XS
SM
MD
LG