Достапни линкови

Украински лекари ја посетија пилотката Савченко во Русија


На група украински лекари кои патуваа за Русија да ја посетат затворената украинска пилотка Надја Савченко им било дозволено да ја видат.

Рускиот Комесар за човекови права Ела Памфил рече дека посетата траела повеќе од три часа. Во групата лекари имало гастроентеролог, нутриционист и невролог.

Руски официјални лица претходно не дозволуваа украински лекари да ја посетат Севченко на 13 март. Рускиот комесар за човекови права рече дека тие ги немале потребните документи.


Савченко е во притвор, обвинета за напад во кој загинаа двајца руски новинари кои го покривале конфликтот во источниот дел на Украина.

XS
SM
MD
LG