Достапни линкови

Порошенко - Постепено намалување на ескалациите во источна Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека има „постепено намалување на ескалациите“ во конфликтот во источна Украина.

„Не сме имале воени загуби неколку дена“, рече тој вчера.

Нов договор за прекин на огнот беше договорен минатиот месец во Минск меѓу лидерите на Украина, Русија, Германија и на Франција. Договорот предвидува, украинските владини сили и проруските сепаратисти да ги прекинат борбите и да го повлечат тешкото вооружување од линијата на фронтот.

Порошенко предупреди дека ако борбите повторно почнат, Украина потпишала договори за набавка на смртоносно оружје од 11 европски земји, но не посочи кои земји.

Украинската новинска агенција УНИАН, и покрај овие изјави на Порошенко, објави дека владините сили биле гранатирани во близина на регионот на Доњецк. Агенцијата исто така објави дека владините сили биле нападнати од „руски терористички групи“ и во близина на Мариупол.

Руски новински агенции, пак, повикувајќи се на лидерите на сепаратистите, објавија дека проруските сили биле нападнати од владините сили.

XS
SM
MD
LG