Достапни линкови

logo-print

Романскиот министер за финансии под истрага за корупција


Романското Јавно обвинителство започна истрага против министерот за финансии на Романија, Дариус Валков, под сомнеж дека во времето кога бил градоначалник на Слатина ѝ помогнал на една компанија да добие тендер во замена за поткуп од околу два милиони евра.

Според Обвинителството, кривичното дело Валков го сторил во периодот меѓу 2010 и 2013 година, додека ја извршувал градоначалничката функција.

Обвинителството тврди дека Валков ја натерал тендерската комисија да ги промени правилата, со цел тендерот да го добие компанијата која му платила поткуп. Дел од митото Валков го примил лично на рака, а дел преку фирми-посредници.

Валков, кој во врска со овие обвинувања вчера бил сослушан од претставници на Националната дирекција за борба против корупцијата, изјави дека против него не е покренато

XS
SM
MD
LG