Достапни линкови

Српски воен хеликоптер се урна во Белград


Српски воен хеликоптер кој превезувал болно бебе за лекување во Белград се урнал ноќеска во близина на аеродромот во главниот град.

Германската новинска агенција ДПА цитира извор од српското Министерство за одбраната кој вели дека во хеликоптерот се наоѓале седум лица. Нема преживеани во несреќата. Несреќата наводно се случила поради густата магла. Хеликоптерот превезувал болно новороденче од Рашка до Белград.

XS
SM
MD
LG