Достапни линкови

Каменос: По Грција еврозоната би ја напуштиле и Шпанија и Италија


Доколку Грција ја напушти еврозоната, ќе предизвика домино ефект, што ќе ги повлече и Шпанија и Италија, па можеби дури и Германија, да го следат нејзиниот пример, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

„Ако експлодира Грција, следни ќе бидат Шпанија и Италија, а потоа во еден момент и Германија. Затоа треба да најдеме некакво решение во рамките на евроозната, кое нема да се сведе на тоа, за се да платат Грците. Луѓето не добија ништо од програмите за помош, затоа што се отиде во банките“, изјави Каменос во интервју за германскиот весник „Билд“.

Според Каменос, на Грција не и треба трет план за спас, туку „поттик како оној што го доби Германија во 1953 година на конференцијата за долгот во Лондон“.

XS
SM
MD
LG