Достапни линкови

Времето променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Во крајните источни делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. До вторник температурата на воздухот ќе биде во покачување.

XS
SM
MD
LG