Достапни линкови

Државата е привремено недостапна


Стефан Богоев, претседател на СДММ.
Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Она што е до овој момент најбитно се непобитните докази дека партијата на власт и државата се едното исто! Државата не постои, постои само партијата! Ма ни партијата не постои, постои само фамилијата!, пишува претседателот на СДММ Стефан Богоев во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

На лагата ѝ се кратки нозете. Порано или подоцна вистината ќе си исплива на површина. Таа е како шило. Ќе боде, ќе боде, лево, десно, напред, назад и на крајот ќе исплива. Таа мора да исплива на површина - рече еднаш еден поранешен премиер!

Велат пред фактите молчат и боговите. Во Македонија, боговите молчат но не молчи и режимот. Иако соголени до гола кожа, разобличени и претставени во своето вистинско руво, полтроните на груевистичкиот режим мака мачат да ја исфорсираат приказната за предавниците, шпионите, платениците и странските служби.

И точно е! Овие големи зборови излезени од расипаниот мозок на еден мал човек ќе се покажат како сурова реалност. Сурова за него и за полтроните на неговиот режим, но уште посурова за Македонија и за македонскиот народ.

Велат пред фактите молчат и боговите. Во Македонија, боговите молчат но не молчи и режимот. Иако соголени до гола кожа, разобличени и претставени во своето вистинско руво, полтроните на груевистичкиот режим мака мачат да ја исфорсираат приказната за предавниците, шпионите, платениците и странските служби. Курирци - странски служби. Латасовци - странски служби. Сите едното исто во очајнички последен обид да се додржи криминалната власт на нозе. А, да! За малку ќе ги заборавев домобраните. Оние де, кои ја бранат Македонија од нешто, секој пат различно, во зависност од тоа колку бокалчиња ракија имаат испиено. Јас им предлагам да почнат да ја бранат од самите себе, бидејќи поголем пиреј и штетник од таквите како нив - нема!

Евтините или петпарачките приказни продолжуваат со приказната за странски инвестиции, вработувања, предвремени исплати на долгови. Ги вадам розовите очила и се враќам во реалноста! Да другари, истиот тој Ставре, кој вели дека „немаме за леб, а трошиме на чоколада“, сега ни вели дека имаме премногу пари и предвремено се раздолжуваме. Истите оние кои се закануваат со „летање од работа“ или „метење улици“ сега ни продаваат приказна за вработување на илјадници луѓе. Истото „началниче“ кое уредува медиуми, апси, пресудува и истата „Шупраиш“ министерка сега ќе не убедуваат во легитимитетот и независноста на институциите!? Истиот оној „копиле“, откако се заканува на хрватски „Агрокор“ сега заедно со неговиот „динамит“ премиер ќе ни ветува брда и долини од странски и домашни инвеститори!? Што би рекол татко ми, „Причао ми млекаџија“ или преведено во јазикот на Кили Поп Христов, „Ма немој да ме ј....!“

Како и да е, режимот е угол гол. Диктаторот исто така! Сликата за многумина е разочарувачка! Некои очекуваа да видат надарен премиер, но видоа само импотентен диктатор на кој допрва ќе му се дигне народот! Повеќе нема што да се сокрие, шилото конечно исплива. Она што разумните граѓани и опозицијата го зборуваа со години наназад сега само доби официјален печат и своерачен потпис.

Слободата на медиумите не постои! Началникот и шефот на кабинет ги уредуваат вестите, ги одбираат кадрите и фотографиите, го одредуваат тајмингот. Медиумите се под режимска капа.

Она што е до овој момент најбитно се непобитните докази дека партијата на власт и државата се едното исто! Државата не постои, постои само партијата! Ма ни партијата не постои, постои само фамилијата!

Попис немаме веќе тринаесет години, а избирачкиот список не е прочистен. Нормално, мора да се создадат предуслови за Амди да може да ги „воскреснува мртвите“ на денот на изборите и на Груевски да му завршат работа „преспанците“.

Она што е до овој момент најбитно се непобитните докази дека партијата на власт и државата се едното исто! Државата не постои, постои само партијата! Ма ни партијата не постои, постои само фамилијата! Да другари, фамилијата која ги користи сите полуги на државата за лични потреби! Фамилијата која дава наредба на сите вработени во државната администрација да донесат по пет гласачи. Фамилијата која прислушува над дваесет илјади граѓани на Македонија. Фамилијата која „ги средува“ уредниците и сопствениците на медиуми, која ќе им забрани на војниците да бидат војници ако не гласаат за партијата. Фамилијата која трампа глас за ин витро. Фамилијата која мести лидери на опозициски политички партии да завршат во затвор или неистомисленици да завршат во „ендек“. Фамилијата која владее со вашите животи, со вашиот глас, со вашата приватност!

И сега, претпоставувам веќе на сите ви е јасно што алармиравме како опозиција последниве девет години. Она што многумина сега ме прашуваат е што понатаму и како против ова зло!? Одговорот е едноставен, заедно другари, заедно, обединети и единствени против ова зло. Друг пат не постои, друга опција нема. Веќе нема комуњари, вмровци, предавници, патриоти, шпиони, соросоиди, неопределени, Албанци, Турци, Роми, млади, стари... Сега сме сите ние, против неколкумина од нив! Не против цело ДПМНЕ, не против сите гласачи и поддржувачи на ДПМНЕ, туку сите заедно против фамилијата која ја окупираше партијата, ја окупираше државата, ги окупираше нашите животи! Вистината за Македонија ќе продолжи да излегува на површина, бидете нејзиниот најголем медиум за конечно враќање на слободата и демократијата во Македонија!

П.С. Тоа што погоре не спомнав за фамилијата на Тоше и за децата без родители, не значи дека сум заборавил. Ова не ви го забораваме, за ова посебно ќе одговарате!

XS
SM
MD
LG