Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го дерогира системот


ВМРО – ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ за изборот на Бранко Ушковски за претседател на Судскиот совет, вели дека нападот на опозицијата против судството е одбрана на криминалот на Зоран Заев и неколку луѓе од раководството на партијата. „Во изминатите неколку години направени се огромен број законски измени и реформи со цел да се зголеми професионалноста во судскиот систем, континуирано да се подобрува ефикасноста и квалитетот на работата на судовите“, стои во реакцијата. СДСМ се обидува свесно да го дерогира системот во Македонија, за да можат неаргументирано да ги критикуваат сите судски пресуди за криминалите во кои се замешани, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG