Достапни линкови

Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Сачевалиев


Адвокатот на струмичкиот градоначалник Зоран Заев, Иван Адреев денеска до Основниот суд во Струмица поднесе кривична пријава за лажно пријавување и нудење поткуп против бизнисменот Иво Николов - Сачевалиев. Како што изјави Андреев, Николов во периодот од ноември 2013 година има покренето повеќе постапки до општина Струмица за трансформација, приватизација и легализација на објекти до надлежние општински органи. „Од пред некој ден, неколкупати Николов нуди надомест за изградба на соборниот храм во Струмица. На тоа градоначалникот Заев реагирал енергично го одбил и во присуство на сведоци составил записник за нудење мито, рече Андреев.

XS
SM
MD
LG