Достапни линкови

Бранко Ушковски нов претседател на Судскиот совет


Бранко Ушковски денеска е избран за нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија, со поддршка на 13 негови колеги. Ушковски беше избран на тајно гласање од 14-те членови на Судскиот совет, на предлог на членот Влатко Самарџиски.

Тринаесет членови се изјаснија „за“, а едно ливче беше неважечко. За негов заменик е избран Селим Адеми. Заблагодарувајќи им се на колегите за поддршката што му ја дале рече дека функцијата ќе ја извршува професионално, одговорно и со целосна посветеност кон работата.

„Поддршката и довербата што ми ја дадоа колегите за мене претставува огромен поттик, заедно со сите нив како членови на Судскиот совет да ги извршуваме сите надлежности предвидени со Законот, рече Ушковски.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека судиите најчесно, најодговорно и најпрофесионално си ја извршуваат функцијата. Според него, во поединечнити случаи каде е утврдена одговорност на судии не треба да се поистоветуваат со останатите судии.

XS
SM
MD
LG