Достапни линкови

ОБСЕ изрази загриженост за политичките случувања во Македонија


Специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Роберто Батели, денеска изрази загриженост сè повеќе турбулентните политички случувања во Македонија. Тој истакна дека тековните случувања во Скопје, се најнова манифестација на долготрајно отсуство на конструктивен политички дијалог низ целиот политички спектар.

Специјалниот претставник, исто така ја нагласи критичната потреба да се заштитат законитоста, независноста и непристрасноста на институциите на земјата со промовирање на одговорност, во согласност со Уставот и законите.

„Како граѓанин на регионот и како еден од многуте кои навистина се грижат за прогресот на земјата, ги повикувам политичките лидери да дејствуваат на одговорен начин, во интерес на граѓаните и поширокото соседство“, вели Батели.

„Важно е сите политички партии да придонесат за изнаоѓање на решение на тековната криза и да работат на обезбедување функционален парламент кој ги поддржува демократските механизми и дијалог за справување со оваа ситуација што е најдобриот интерес за сите.“

Батели исто така ги повика Владата и опозицијата да им овозможат на надлежните судски органи да преземат брзи и темелни истраги со целосна независност и транспарентност.

XS
SM
MD
LG