Достапни линкови

Билдање партиски рејтинг како пред избори


Архивска фотографија - митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Архивска фотографија - митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Митинзи и контра митинзи прават слика како партиите да се спремаат за избори. Познавачите велат дека ова повеќе личи на раздвижување на членството.

Трибина в недела на пладне во спортската сала Борис Трајковски, најави владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На трибината, како што најавија од партијата, во план е да бидат презентирани нивните достигнување, но ќе биде упатена и порака дека ќе продолжат со реализација на ветеното и преземените обврски кон граѓаните.

Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ чувствува една длабока апатија и нивното членство е некако депримирано. Сигурно раководството сака малку да ги раздвижи своите редови и да покаже дека се уште се силни и дека можат комотно да продолжат да функционираат како што функционираат до сега.

Во вторникот СДСМ и нејзините коалициони партии во Универзалната сала ја објавија таканаречаната осма бомба, а соопштија и што би промениле доколку дојдат на власт.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери, вели дека ситуацијата му наликува на онаа од пред десет години во Србија на митинзи и контра митинзи. Но, според него не мора да значи дека ова е некоја подготовка за избори.

„Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ чувствува една длабока апатија и нивното членство е некако депримирано. Сигурно раководството сака малку да ги раздвижи своите редови и да покаже дека се уште се силни и дека можат комотно да продолжат да функционираат како што функционираат до сега. Мислам дека тоа е една порака повеќе за внатрешна употреба на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Зибери.

Вообичаено постои политичка борба и предизборна борба, но сега имаме комбинација и од едното и од другото, значи од политичка се премина на предизборна борба.

Александар Цветковски од невладината АГТИС вели дека сè она што може да се слушне во последно време укажува на предизборна кампања.

„Вообичаено постои политичка борба и предизборна борба, но сега имаме комбинација и од едното и од другото, значи од политичка се премина на предизборна борба, а приказната веројатно ќе мора да заврши заради тоа што ние видовме дека имаме потполно руинирани институции коишто не можат да гарантираат никаква независност и исполнување на она што го пишува во Уставот“, вели Цветкоски.

Според Зибери, за избори се уште е рано и ќе треба период од најмалку една година за да се случи тоа.

„Партиите секогаш се свесни дека членството постојано бара да се храни со нешто, постојано да се случува нешто и да се држат активни. Тие се свесни дека во овој период им е потреба некоја активност, ВМРО-ДПМНЕ дотолку повеќе што навистина се најде во една многу непријатна ситуација. Нивното членство е во голема дилема за тоа како ќе се развива ситуацијата понатаму.“

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија слични собири и во другите градови, а од опозицијата пак објавување на прислушуваните разговори и надвор од Скопје.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG