Достапни линкови

logo-print

Висок дипломат на Ватикан ја посети Белорусија


Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, се сретна со министерот за надворешни работи на Белорусија Улаџимер Макеј, за да дискутираат за билатералните односи. Министерството соопшти дека разговорите се одржале денес, еден ден по стигнувањето на Паролин во Минск. Тие разговарале за ситуацијата со Римокатоличката црква во Белорусија, каде од 9,5 милиони жители главно се православни христијани, а 7 отсто се католици. Се очекува Паролин да остане во Белорусија до 15 март и да одржи разговори со претседателот Александар Лукашенко.

XS
SM
MD
LG