Достапни линкови

Задоволство од соработката со Американскиот мировен корпус


Во Македонија има 85 волонтери. Во текот на оваа година нивните активностите се насочени кон реализација на Програмата за развој на наставата по англиски јазик во основните и средните училишта и Програмата за развој на заедницата.

Активноста на Американскиот мировен корпус во Дебар која трае повеќе години се оценува како мошне добра, а соработката со Општината е на високо ниво. Деновиве на средбата на претставниците на Мировниот Корпус одржана во Дебар со претставниците на Општината, невладините организации и училиштата, дојде повторно до израз големиот интерес на дебрани за вклучување на нови претставници на Корпусот и во текот на оваа година.

Во Дебар имаме волонтери. Соработката на мировниот корпус со Општина Дебар е на високо ниво. Волонтерите кои се во општината работат со локалната власт, но и со невладиниот сектор, а помагаат и во училиштата.

Програмскиот менаџер на Корпусот Ивана Томовска Ефремов, вели дека Агенцијата, која ги имаше почетоците уште во 1960 година, од 1996 година кога стартуваше активноста на Корпусот во Република Македонија, во Дебар постојано имаше свои волонтери.

„Во Дебар имаме волонтери. Соработката на мировниот корпус со Општина Дебар е на високо ниво. Волонтерите кои се во општината работат со локалната власт, но и со невладиниот сектор, а помагаат и во училиштата.“

Претставникот на Општина Дебар Решат Ќормемети ја изнесува оценката на локалната власт дека Дебар е многу задоволен од активностите на доброволците во Мировниот Корпус.

„Општина Дебар има добра соработка со Мировниот корпус. Ние имаме редовно претставници на мировниот корпус во основните училишта и во локалната самоуправа. Имаме добро искуство од соработката и таа е плодна. Не сме многу задоволни од нивната работа и нивната помош.“

Ангажирањето на волонтерите на Корпусот во локалната власт во Дебар е од големо значење во повеќе сфери.

„Јас сум Рејчл Кинг од Вашингтон ДС. Овде во Дебар сум ангажирана во локалната самоуправа во секторот за комуникација и работам и на проекти поврзани со активностите на општина Дебар. Организирам курсеви на учење на англиски јазик, како и културни активности во градот. Научув многу за Дебар и населението во овој град. Стекнав многу пријатели и овде народот е мошне лубезен“, вели Кинг.

Инаку претставниците на Мировниот Корпус во Дебар нагласија дека моментално во Македонија има 85 волонтери и во текот на оваа година активностите се насочени кон реализација на Програмата за развој на наставата по англиски јазик во основните и средните училишта и Програмата за развој на заедницата.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG