Достапни линкови

logo-print

Исланд ја повлече кандидатурата за ЕУ


Исланд

Исланд

Исландските власти ја повлекоа кандидатурата за прием во Европската унија, две години по доаѓањето на власт на коалицијата на евро скептичната десница која вети дека ќе го прекине евроинтегративниот процес на земјата. Шефот на исландската дипломатија Гунар Свејсон изјави дека одлуката и била поднесена на Летонија, земја која претседава со унијата и оти за тоа била известена и Европската комисија. „Интересите на Исланд ќе бидат најдобри ако не е во Европската унија“, се наведува во соопштението на исландското министерство за надворешни работи. Исланд поднесе кандидатура за членство во 2009 година по финансиската криза, но во мај 2013 реши да ги замрзне преговорите со Брисел иако до тогаш беа отворени дури 27 поглавија.

XS
SM
MD
LG