Достапни линкови

Кери во посета на Египет


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Египет на конференција за економски развој и на разговори со египетските власти за глобалната безбедност. На конференцијата во Шарм ел Шеик ќе учествува и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. По состаноците во Египет Кери планира да замине за Лозана, Швајцарија на состанок со шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф во рамките на преговорите за иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG