Достапни линкови

logo-print

Прислушувањето главна тема во весниците


Аферата Прислушување и полициската акција Пуч се главни теми во сите дневни весници.

Странскиот фактор, размрдан поради сериозната политичка криза во земјава и аудио снимките на телефонските разговори меѓу владини министри, по осмата опозициска „бомба“, почна да изразува отворена загриженост.

НАТО бара реформи и храбро лидерство.

Во Брисел се оствари средба меѓу генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, и премиерот Груевски, од која Утрински вади наслов: „НАТО бара реформи и храбро лидерство“. Дневник оваа информација ја објавува со наслов: „Столтенберг дозна за Пуч“.

Утрински детално информира и за седницата на Европскиот парламент и за резолуцијата во која свое место добиле и аферата „Пуч“ и прислушувањата, и дека „Парламентот е сериозно загрижен, особено во поглед на неодамнешната најава на обвиненија против лидерот на опозицијата од страна на премиерот“.

ежимот бара начин како да го уапси лидерот на опозицијата - власта му мести поткуп на Заев, ама тој ја испревари.

Слободен печат оди со наслов: „Режимот бара начин како да го уапси лидерот на опозицијата - власта му мести поткуп на Заев, ама тој ја испревари“, откако МВР, на неколку часови пред трибината во Универзална сала, му поднесе кривична на Заев за наводна корупција, а тој во говорот обзнани дека власта веќе една година му мести случај како на Љубе Бошкоски.

Инаку, „Јавниот обвинител Зврлевски не сака да го коментира барањето за оставка“, што од него, покрај од Владата, министерката Јанкуловска и од раководството на МРТ, го побара лидерот на опозицијата, објави Утрински.

Слободен печат пишува за бесните реакции на граѓани и јавни личности за притисокот врз семејството на Тоше Проески, што се дозна од аудио снимката на разговорот меѓу министрите Јанакиески и Канческа-Милевска.

Нова Македонија го коментира местото на објавувањето на осмата „бомба“, Универзалната сала во Скопје: „Поголема сцена за поголеми ефекти од бомбите“.

Вечер, пак, продолжува со својата позната теза, и насловува, врз основа на мислења на експерти: „На сите им е јасно дека со материјали од странски тајни служби не се стига далеку“.

И Дневник и Вечер објавуваат коментар од некој руски аналитичар со наслов: „Заев неуспешно се обидува Скопје да го претвори во Киев“.

Утрински и Дневник објавуваат дека „Се бара нов инвеститор за земјиштето во Џумајлија“. Истото она што Владата му го даде на Субрата Рој на повеќедецинско користење, ама тој не успеа да ги оствари големите ветувања.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG