Достапни линкови

logo-print

Украина ја очекува првата транша од ММФ


Наталија Јарешко.

Наталија Јарешко.

Украинскиот министер за финансии Наталија Јарешко вели дека Киев ја очекува првата транша од 5 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во согласност со новата програма за помош, што земјата треба да ја добие не подоцна од 13 март. ММФ вчера одобри 17,5 милијарди долари заем за Украина. Јарешко денеска соопшти дека централната банка од парите ќе добие 2,2 милијарди, кои ќе бидат искористени за стабилизирање на националната валута. Украинската валута во текот на минатата година загуби повеќе од две третини од вредноста во однос на американскиот долар, во услови на конфликтот во земјата, а 8,2 милијарди ќе бидат за владата. Таа соопшти дека Киев ќе започне програма за приватизирање на многу од 3.300 државни компании до крајот на годината.

XS
SM
MD
LG