Достапни линкови

Регулаторните тела надвор од видното поле на граѓаните


Многу малку граѓаните знаат за работата на овие институции. Тие се интересираат за нив само кога се директно засегнати, а и регулаторните тела треба да поработат на отчетноста и транспарентноста, е заклучокот од истражување на „Транспаренси интернешнл“ и Белградскиот институт за јавни политики.

Треба да се подобри транспарентност и отчетност на регулаторните тела и комисии, вели претседателката на Транспаренси интернешнл Македонија, Слаѓана Тасева. Таа вели дека регулаторните тела што биле предмет на нивното истражување во најголем дел се нови институции, освен Агенцијата за аудио и аудио визуелни комуникации, поранешен Совет за радиодифузија и треба да се најде кој е најсоодветниот модел на нивно функционирање.

Многу малку граѓаните знаат за работата на овие институции, тие некако се надвор од видното поле. Они на кои се однесуваат одлуките многу малку се вклучени во носењето на истите.
Слаѓана Тасева, Транспаренси интернешнл Македонија.

„Многу малку граѓаните знаат за работата на овие институции, тие некако се надвор од видното поле. Они на кои се однесуваат одлуките многу малку се вклучени во носењето на истите, има исклучоци некои тоа го прават подобро, некои послабо, но тоа е генералниот заклучок. Исто така можеме да кажеме дека граѓаните немаат интерес за работењето на овие институции, ниту пак доставиле барања за пристап до информации.“

Граѓаните пројавуваат интерес за работата на регулторните тела само кога се директно засегнати, додава Тасева.

Но тие не ја увидуваат на најдобар начин врската со која институциите придонесуваат за тие продукти. Тие се разбира се заинтересирани за цената на струјата, за квалитетот на понудите, за конкуренцијата на пазарот, меѓутоа во мала мера се зборува за улогата на регулаторните тела во овие процеси.
Слободан Томиќ, програмски директор на Белградискиот институт за јавни политики.

„На пример пројавиле интерес за сметките за парно греење, тоа беше нешто што е од поголем интерес за граѓаните и за што контактирале поинтензивно со Регулаторната комисија за енергетика, меѓутоа за другите работи не се заинтересирани ниту тие, ниту пак бизнисот кој е предмет на уредување на ова тело. И се разбира во делот на одговорноста малку да се зајакне политиката на давање на отчет и одговорност во нивното работење.“

Транспаренси интернешнл Македонија и Белградскиот институт за јавна политика спроведуваат проект за мапирање на транспарентноста и одговорноста на 10 регулаторни тела во Србија и во Македонија. Се истражувале Агенцииите за електронски комуникации, за аудио и аудио визуелна комуникација, агенциите за енергетика, комисиите за заштита од конкуренцијата, потоа во Србија се истражувала работата на Агенција за заштита на животната средина, а бидејќи во земјава немаме таква, предмет на истражување е Министерството за заштита на животната средина. Тие правеле споредба меѓу законската и институционалната поставеност, начинот на работење и комуникацијата со граѓаните и креирањето на политики.

Тасева вели дека постојат ризични точки во работата на регулаторните тела каде што може да има влијанија од страна на извршната власт и токму затоа се истражува колку се независни, кон кого даваат отчет и колку може да се преиспитаат нивните одлуки.

„Во некои ситуации гледаме дека и значителен број на одлуки паднале на управните судови или второстепените комисии за енергетика укинувале одреден процент од нивните одлуки и гледаме зошто тоа всушност се случило и каде во најголем дел се носат такви одлуки коишто се изложени или се во постапки на преиспитување.“

Слободан Томиќ, програмски директор на Белградискиот институт за јавни политики вели дека во Србија регулторните тела се жалат дека медиумите и граѓаните не се многу заинтересирани за нив, од друга страна пак, вели тој, и регулаторните тела треба да поработат на медиумските стратегии за да можат битните прашања за кои тие се надлежни да стигнат до граѓаните. Тој вели дека граѓаните обично се заинтересирани само за финалниот продукт од работата на овие тела.

„Но тие не ја увидуваат на најдобар начин врската со која институциите придонесуваат за тие продукти. Тие се разбира се заинтересирани за цената на струјата, за квалитетот на понудите, за конкуренцијата на пазарот, меѓутоа во мала мера се зборува за улогата на регулаторните тела во овие процеси, така да ако граѓаните го поврзуваат тоа со некого, тогаш главно поврзуваат со политички институции, со владата на прво место и во таа смисла можеби постои малку поголем простор, кога веќе говориме за транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела на подобар начин да ја објаснат својата улога.“

Тасева вели дека е многу важно регулатноните тела да бидат транспарентни и отчетни и да соработуваат при носењето одлуки и со граѓаните и со луѓето од разни сектори кои тие ги покриваат, оти крајни корисници на тие услуги се граѓаните и тие ги плаќаат цените за одлуките што ги носат овие тела.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG