Достапни линкови

logo-print

Путин одржа телефонски разговор со Саркисјан


Прес-службата на Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со неговиот ерменски колега Серж Саркисјан. Претседателите зборувале руско-ерменското партнерство и интеграциските процеси во рамки на Евроазиската економска унија, во која Ерменија во јануари стана членка. Меѓу другото, претседателите зборувале за одбележувањето на стогодишнината од масовните убиства на Ерменците во Отоманската империја, признати за геноцид од страна на неколку земји и за седумдесет годишнината од победата на нацистичка Германија.

XS
SM
MD
LG