Достапни линкови

Песков: Путин е апсолутно здрав


Портпаролот на претседателот Владимир Путин, ги отфрли шпекулациите дека рускиот лидер е во лоша здравствена состојба. Дмитриј Песков денеска изјави дека Путин е апсолутно здрав и дека поради презафатеност не излегува во јавноста. Ширењето на шпекулациите за здравјето на Путин се случи по откажаната средба со претседателите на Казахстан и Белорусија во Астана и откако казахстански претставник за Ројтерс изјави дека „изглеада оти Путин е болен.“ Шеесетидвегодишниот Путин се нема појавено во јавност од 5 март, по телевизиското обраќање до припадниците на руското Министерство за внатрешни работи. Песков рече дека се е во ред и нема потреба за грижи.

XS
SM
MD
LG