Достапни линкови

logo-print

Иванов: Советот за безбедност ќе заседава кога ќе има доволно информации


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во интервју за Макфакс во врска со можноста за свикување на Советот за безбедност изјави дека тоа ќе го направи кога ќе добе збирни податоци и информации од надлежните институции, бидејќи како што вели Советот за безбедност не е е ниту собраниска комисија, ниту јавно обвинителство.

„Советот за безбедност не функционира на допрен глас, ниту врши надзор врз работата и спроведувањето на мерките на службите. Ова тело не е ниту јавно обвинителство, ниту собраниска комисија. Ги очекувам актите од надлежните органи на државната управа. До сега до мене не е доставена анализа, препорака и заклучок од страна на Групата за процена на активности насочени кон влошување на безбедносната состојба во Република Македонија“, вели Иванов

XS
SM
MD
LG