Достапни линкови

Иран ги брани акциите против милитантите на ИД


Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани

Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани

Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани изјави дека повеќе земји би биле под закана на милитантите на Исламската држава доколку Иран не помага во Ирак во борбите против оваа екстремистичка група. Лариџани ова го изјави во Катар, каде што престојуваше откако го посети Кувајт. Овие две земји неодамна го обвинија Иран дека се меша во внатрешните работи на Јемен каде што една шиитска бунтовничка група го зазеде главниот град на таа земја. Шефот на американскиот Здружен штаб генерал Мартин Демпси оцени дека Иран е од помош во справувањето со џихадистите во Ирак.

XS
SM
MD
LG