Достапни линкови

Русија и Северна Кореа прогласија „Година на пријателство“


Русија и Северна Кореа ја прогласија 2015 за година на пријателство. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека се согласило да започне програма за културна размена со режимот во Пјонгјанг со цел зацврстување на односите меѓу двете земји. Рускиот претседател Владимир Путин го покани севернокорејскиот лидер Кин Џонг Ун на 9 мај да учествува на одбележувањето на 70 годишнината од Денот на победата врз фашизмот. Тоа ќе биде прва посета на Ким Џонг Ун во странство откако ја презеде власта по смртта на неговиот татко Ким Џонг Ил во 2011 година.Обединетите нации воведоа санкции врз Северна Кореа откако таа земја изведе трета подземна нуклеарна проба во 2013 година.

XS
SM
MD
LG