Достапни линкови

Војната турна 80 насто од Сиријците во сиромаштија


Војната во Сирија турна 80 насто од нејзините жители во сиромаштија, го скрати животниот век за 20 години и предизвика огромни загуби кои се проценуваат на 200 милијарди долари. Ова се оценува во најновиот извештај за економските последици од конфликтот во Сирија кој почна во 2010 година. Сирискиот центар за политики во извештајот направен со поддршка на Обединетите нации прикажа разорна слика на систематското уништување на економските основи на земјата. Притоа се наведува дека здравствениот систем, инфраструктурата, институциите и големиот дел работна сила се збришани од Сирија. Во текот на судирите работа загубиле скоро три милиони Сиријци, а бројот на жителите се намалил за 15 насто. Бројот на загинатите се проценува дека изнесува околу 210 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG