Достапни линкови

logo-print

Литванија одбележа 25 години независност


Литванија одбележа 25 години од нејзината декларација за независност од поранешниот Советски сојуз. Прославите беа под сенка на руската интервенција во Украина. Витаутас Ландсбергис, еден од поранешните лидери на Литванија оцени дека не треба да се мисли оти слободата била сигурна или како што рече „Литванската успешна приказна наскоро би можело да биде само привремено успешна“. Литванија која е членка на НАТО и Европската унија, беше првата советска република која на 11 март 1990 година прогласи независност.

XS
SM
MD
LG