Достапни линкови

logo-print

САД ќе испрати воена помош за Украина


САД соопшти дека повторно ќе испрати несмртоносна помош за Украина, вклучително невооружени беспилотни летала и возила. Белата куќа денеска соопшти дека за одлуката потпретседателот Џо Бајден телефонскли го информирал украинскиот претседател Петро Порошенко. Возилата се очекува да бидат доставени за неколку недели, додека за другата опрема ќе треба подолго време да пристигне. Украинската армија се бори против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата, а Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека ги помага бунтовниците со војска и опрема, додека Москва тоа го демантира.

XS
SM
MD
LG