Достапни линкови

Кери: Писмото на републиканците до Иран ја намалува довербата во САД


Џон Кери

Џон Кери

Американскиот Државен секретар Џон Кери, изјави дека сренаторот и републиканец Том Котон и останатите 46 сенатори републиканци грешат кога велат дека Конгресот има право да измени било каков договр со Иран. Сенаторите на 9 март, во отворено писмо ги предупредија иранските лидери дека Конгресот или идниот американски претседател може да го поништи или измени постигнатиот договор меѓу САД и Иран. Белата куќа остро реагираше на писмото. Кери исто така рече дека реагирал на писмото со неверување и дека тоа нема законско овластување. Државниот секретар, вели дека писмото ја ослабува довербата на странските влади во потпишување на договори со САД.

XS
SM
MD
LG