Достапни линкови

Нови санкции на САД кон Русија


Александар Дугин

Александар Дугин

САД издаде нов список на поединци и субјекти кои ќе бидат санкционирани за мешањето на Русија во Украина, меѓу кои се Александар Дугин - националистичкиот идеолог поврзан со Кремљ и поранешниот украински премиер Микола Азаров. Министерството за финансии на САД денеска исто така ја санкционираше руската Национална комерцијална банка на Крим, двајца поранешни претставници од владата на соборениот украински претседател Виктор Јанукович, осум украински сепаратисти и двајца лидери на евроазиската Унија на млади на Дугин. Секоја сопственост на САД што ја имаат овие поединци е замрзната, а амариканските граѓани имаат забрана да прават бизнис со нив. Соединетите држави спроведоа акција, повикувајќи одговорност од оние што го прекршуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

XS
SM
MD
LG