Достапни линкови

Во Франција украден накит вреден девет милиони евра


Француската полиција соопшти дека вооружени крадци украле накит вреден девет милиони евра од оклопни возила во централно-источниот дел на Франција. Маскираните напаѓачи ги киднапирале комбињата, откако запреле на патарина на автопатот во близина на Авалон, на околу 200 киломтри од Париз. Крадците избегале во четири коли и две комбиња, а полицијата подоцна ги нашла комбињата запалени во близина на местото на нападот. Возачите наводно биле повредени. Во комбињата биле пренесувани дијаманти, накит и уметнички дела од Париз до Безансон.

XS
SM
MD
LG