Достапни линкови

ЕП повика Македонија да ги почне преговорите


Европскиот парламент со мнозинство гласови денеска ја усвои резолуцијата за напредокот на Македонија, предложена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл и по деветти последователен пат, го повика Советот на Европската Унија да утврди датум за почеток на преговори со Република Македонија. Главната цел на мнозинството европратеници е да не се скрши еланот и да ги забрза реформите поврзани со европските придобивки и да го зацврсти процесот на демократизација. Европратениците со големо мнозинство потсетија дека разликите околу името не треба да бидат пречка за отворање на преговори и според нив тоа е билатерално прашање кое не треба да биде пречка за почеток на преговорите, иако треба да се реши пред процесот на зачленување.

XS
SM
MD
LG