Достапни линкови

logo-print

Јанкулоска: Постапката за барање оставка оди преку Собранието


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во врска со барањето на СДСМ да поднесе оставка на функцијата, изјави дека опозицијата секогаш има легитимно право да бара оставка од Владата и од поедини функционери, меѓутоа постапката за барање оставка е институционална и таа оди преку Собранието. „Во мојата политичка кариера, СДСМ и други политички партии во повеќе наврати иницирале таква постапка и во една демократска процедура и соодветните институции се изјасниле по однос на нивното барање“.

Јанкулоска вели дека опозицијата и нејзиниот лидер соочен со исклучително сериозни сомневања за сторени тешки кривични дела, врши активности кои се спротивни на законските прописи во Република Македонија, со помош на креирани материјали кои се прибавени на незаконит начин и се обидува да создаде впечаток во јавноста кој не кореспондира со реалноста, вели таа.

XS
SM
MD
LG