Достапни линкови

ДПА: Разгворот што го објави СДСМ е целосна конструкција


Пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу денеска на прес-конференција излезе со коментар за разговорот што вчера го објави СДСМ и како што тврди опозицијата дека е меѓу лидерот на партијата Мендух Тачи и директорот на УБК Сашо Мијалков. Тој соопшти дека тоа е „целосна конструкција на разговорот, одземање на зборовите од еден разговор и внесување во друг разговор и дека тоа е позната метода на монтажа за Сојузот на комунисти, потоа на СДСМ од Ранковиќ, Милошевиќ, Глигоров, Црвенковски до Заев и нивните политички истомисленици“, велат од ДПА.

XS
SM
MD
LG