Достапни линкови

Ирачките сили напредуваат во Тикрит


Ирачките безбедносни претставници соопштија дека владините сили преземале делови на Тикрит во борбите против милитантите на Исламската држава. Канцеларијата на гувернерот Раед ал-Јубури, во провинцијата Салахудин, соопшти дека е заземена половина од областа Кадисија. Еден од генералите беше цитиран како вели дека сега трупите и шиитската милиција водат „борбени мисии за чистење“ на населба во северниот дел на градот. Воени комаданти соопштија дека напредокот бил забавен од снајпери и бомби покрај патиштата. Напредокот доаѓа откако ирачките сили вчера го заземаа градот Ал-Алам на северниот крај на Тикрит. Војската ја започна акцијата пред десет дена со цел да ги протера милитантите на Исламската држава од Тикрит, кои го преземаа во јуни 2014 година.

XS
SM
MD
LG