Достапни линкови

Русија има право да распореди нуклеарно оружје на Крим


Русија соопшти дека има право да постави нуклеарно оружје на Полуостровот Крим. Шефот на одделот за контрола на оружјето на Министерството за надворешни работи, Михаил Улјановск, денеска изјави дека не знае дали сега има нуклеарно оружје на Крим и какви се плановите на руската влада за распоредување на полуостровот, „но во принцип Русија може да го направи тоа“, вели тој. Русија пред една година нелегално го анектираше Крим од Украина, потег кој беше осуден од Западот и Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG