Достапни линкови

Миграцијата ги преполови браковите во Дебар


Пред повеќе од 20-ина години во Дебар се склучуваа меѓу 200 и 300 бракови, а сега само нешто повеќе од 100, вели Афрдита Шахини, референт за склучување бракови во Дебар.

Масовната миграција на населението особено во последните две декади ги намали и венчавките. Бројот на браковите кои се склучуваат во Дебар од година во година видно се намалува. Младата популација е таа која се иселува не само во земјите на Европската унија, особено во Италија, Швајцарија, Германија и Скандинавските земји, туку и во САД, така што во родниот крај остануваат се помалку млади.

Миграцијата си го прави своето. Кога говориме за сезоната на склучување на бракови, треба да се нагласи дека тие се во поголем број пред и по Нова година, додека во другите месеци бројот е многу мал.

„Има видно намалување на бројот на браковите како во градот така и во селата. Во Дебар во 2014 година се склучени 110 бракови, додека во првите два месеца од оваа година 12. Миграцијата си го прави своето. Кога говориме за сезоната на склучување на бракови, треба да се нагласи дека тие се во поголем број пред и по Нова година, додека во другите месеци бројот е многу мал“, вели Афрдита Шахини, референт за склучување бракови во локалната власт во Дебар.

РСЕ : Значи ли ова дека во бројот на бракови спаѓаат и оние меѓу млади кои се на печалба?

„Да така е. Зголемувањето на бројот на браковите кои се склучуваат за Нова година се токму поради склучувањето на бракови на наши млади печалбари, кои се претежно од европските земји. Тие склучуваат бракови и повторно си заминуваат онаму каде што работаат и живеат“, вели Афрдита Шахини.

Според неа фактички бројот на браковите е преполовен во споредба со минатото, бидејќи младите заминуваат како печалбари, но потоа не се враќаат во родниот крај.

„Јас овде работам 36 години. Пред повеќе од 20-ина години во Дебар се склучуваа меѓу 200 и 300 бракови, а сега само нешто повеќе од 100. И на почетокот на оваа година имаме само 12 бракови, што говори дека повторно и оваа година се очекува намалување на склучувањето на бракови. Сосема е јасно дека миграцијата е таа која делува директно во намалувањето на бројот на браковите во Дебар и регионот“, додава Шахини.

Кога се во прашање браковите во општина Дебар,треба да се нагласи дека покрај браковите кои се склучуваат во градот, а кои минатата година беа 110, има и бракови кои се склучуваат и во две месни заедници, и тоа во Џепиште и Долно Косоврасти. Податоците говорат дека во двете селски населби од страна на надлежните се склучени уште 30-ина бракови, што значи дека во целата општина лани биле склучени околу 150 бракови, од кои една третина од нив биле склучени меѓу млади кои денес живеат во странство.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG