Достапни линкови

Поделби во Конгресот на САД за преговорите со Иран


Можниот договор за ограничување на иранската нуклеарна програма предизвика големи тензии меѓу демократите и републиканците во американскиот Конгрес. До ова дојде откако 47 републиканци упатија писмо до иранските лидери дека договорот ќе биде поништен од идниот Конгрес или претседател.

Во писмото, сите освен седум републиканци во Сенатот, ги предупредуваат иранските лидери дека секаков нуклеарен договор со претседателот Барак Обама би можело да трае само колку што тој ќе биде на функција до 2017 година.

Републиканците велат дека биле загрижени оти Обама, кој инсистира на договор со Техеран, ќе се согласел со нешто што ќе му дозволи на Иран да дојде до посакуваното нуклеарно оружје.

Белата куќа остро реагира на ова писмо оценувајќи дека станува збор за партиски обид да се минира надворешната политика на претседателот Обама.

Претседателот Барак Обама, пак, ги обвини републиканците за приближување до екстремните сили во Иран, додека потпретседателот Џо Бајден писмото на сенаторите го оцени како недостоинствено.

Ова е пропаганден трик и нема никакваправна вредност. Ова покажува колку е загрижена една група. Се уште немаме договор, а една група зборува за неговата содржина.

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон, на која се гледа како на можен кандидат на демократите за иден претседател, писмото го оцени како нетрадиционален потег.

„Претседателот и неговиот тим се во интензивни преговори. Нивна цел е дипломатско решение со што ќе се затвори иранскиот пат до атомска бомба“, изјави Клинтон.

Ваквиот невообичаен партиски чекор во американската надворешна политика, според некои аналитичари, би можело да ги поткопа деликатните меѓународни преговори со Иран.

Преговарачи од шесте светски сили и од Иран се соочуваат со поставените рокови, крајот на овој месец за да постигнат рамковен договор и крајот на јуни за целосен договор околу иранската нуклеарна програма.

Соединетите Држави, Британија, Кина Франција, Германија и Русија бараат договор со Иран со кој Техеран ќе ја ограничи нуклеарната активност во замена за намалување на меѓународните санкции.

Иран ги отфрла ваквите наводи и инсистира на тоа дека станува збор за цивилна нуклеарна програма.

Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф изјави дека писмото на американските републикански сенатори било пропаганден трик на оние што се плашат од дипломатска спогодба.

„Ова е пропаганден трик и нема никакваправна вредност. Ова покажува колку е загрижена една група. Се уште немаме договор, а една група зборува за неговата содржина“, рече Зариф, додавајќи дека било за жал тоа што една група е против усвојување договор.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG