Достапни линкови

Во Авганистан десетина загинати во бомбашки напади


Во серија бомбашки напади во Авганистан загинале најмалку 13 луѓе, соопштија авганистанските власти. Најсмртоносен бил нападот што се случил врз контролниот пункт во близина на Лашкар Гах, главниот град на провинцијата Хелманд во кој загинаа 8, а беа ранети дваесетина луѓе. Авганистанската војска води борби против талибанските екстремисти во големи делови на Хелманд.

XS
SM
MD
LG