Достапни линкови

ММФ со нова помош за Украина


украинскиот претседател Петро Порошенко

украинскиот претседател Петро Порошенко

Меѓународниот монетарен фонд се очекува денеска да одобри нов заем за Украина во вредност од 17 ипол милиони долари. Украинската економија е во опаѓање од минатата година поради конфликтите во источна Украина и прекинатата трговија со Русија. Киев се надева дека во текот на оваа година ќе добие 11 милијарди долари за заздравување на економијата. „Се додека имаме војна, нема да има инвестиции во Украина и на луѓето мора да им се каже оваа вистина“, изјави деновиве украинскиот претседател Петро Порошенко.

XS
SM
MD
LG