Достапни линкови

Заев бара преодна влада, ВМРО ДПМНЕ обвинува за уцена


Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев на синоќешниот собир во Универзална сала во Скопје побара оставка од премиерот Никола Груевски и формирање преодна влада која ќе подготви предвремени избори. На собирот претходно беа емитувани неколку десетици аудио снимки кои, како што беше наведено, се најнови докази за најбруталните изборни злоупотреби за парламентарните избори во 2011 и 2014 и локалните избори во 2013 година. „Барам оставка на владата, на јавниот обвинител, на раководството на Македонската радио телевизија и формирање преодна влада без корумпирани луѓе, како и независна истрага за криминалот со меѓународна помош“, рече Заев. Во моментот на одржувањето на трибината, Министерството за внатрешни работи соопшти дека Зоран Заев бил осомничен за примање мито од 200 илјади евра за приватизација на градежно земјиште во Струмица. Владејачката ВМРО ДПМНЕ реагираше со соопштение во кое го обвини СДСМ дека бил прислужник на сценарио за дестабилизирање на Македонија. Во соопштението се додава дека СДСМ сакал целата држава да ја уценува со креирани, монтирани и менувани разговори и да ја преземе власта без поддршка од граѓаните. СДСМ од почетокот на февруари осум пати објавува снимки од телефонски разговори на владини функционери.

XS
SM
MD
LG