Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ уценува со монтирани муабети


На трибината на СДСМ, реагираа од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во нивното соопштение се наведува дека Зоран Заев и неговата врхушка во СДСМ денеска покажале дека сакаат да ја држат целата држава во уцена со креирани, монтирани, сечени, лепени и прелепувани, кратени и менувани разговори по телефон без никаква автентичност.

„СДСМ не е ништо повеќе од прислужник на сценарио кое има цел да ја дестабилизира Македонија, да предизвика кавги и конфликти и помеѓу Македонците и помеѓу сите други граѓани на нашата држава“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата вeлат дека „за СДСМ нема дно, ќе продолжат да тонат. Вечерва направија грда политичка лакрдија, а со тоа не разбраа дека всушност само си го покажаа своето лице“.

„Агресивниот и избезумен говор на Зоран Заев и бледите и празни говори на неговите соработници јасно кажуваат дека и тие самите веќе разбрале дека граѓаните на Македонија им ја прочитаа целта на ова сценарио, а тоа е гола власт по секоја цена, па макар и да се одработува за туѓи интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG